Сехудо му порача на О’Мели да се подготви за пресметка во мај: Стерлинг можеби нема да се појави

Во мај, по тригодишна пауза, Хенри Сехудо се враќа на борбите. Поранешниот двократен шампион на УФЦ треба да се бори со Алџамејн Стерлинг за титулата во бантам категорија.

Нивниот меч најверојатно ќе биде главен на настанот УФЦ 288, каде што своето место го најде и натпреварот помеѓу Чарлс Оливеира и Бенеил Дариуш.

Шампионот на Алџамејн Стерлинг по победата против Т.Ј. Дилашо се опоравуваше од повредата на бицепсот, а најави дека ќе биде подготвен по трет пат да го одбрани појасот.

Но, „Трипл Ц“ се сомнева дека Стерлинг ќе се појави во октагонот на 6 мај и му кажа на првиот предизвикувач Шон О’Мели да биде подготвен.

„Дали Алџамејн ќе биде подготвен за борба? Не знам, се сомневам дека Стерлинг воопшто го сака тој меч. Но, би му рекол на Шон О’Мели да биде подготвен“, – изјави Хенри Сехудо и продолжи:

„Ќе се подготвувам за Алџамејн Стерлинг, но сериозните подготовки ќе започнат дури кога и официјално ќе се договори борбата, кога ќе го видам неговиот потпис на договорот. Морам да бидам внимателен бидејќи Стерлинг може да не се појави тогаш. Морам да ги приспособам моите подготовки на ситуацијата доколку Алџамејн се откаже од борбата“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО