
Овој викенд Таеквондо ИТФ клубот „Ге бек“ од Ресен постигна голем успех освојувајќи 7 медали – 3 златни, 1 сребрен и 3 бронзени на првиот Меѓународен турнир од А-класа „Србија опен 2025“ во Нови Сад,
Сепак, треба да се нагласи дека тренерскиот тим имаше впечатлив настап, браќата Божидар и Владимир Димитриевиќ, кои доминираа во своите категории. Тренерите се закитија со 3 златни и 1 сребрен медал!

На турнирот учествуваа над 400 натпреварувачи од 8 држави.

Медалите ги освоија:
Божидар Димитриевиќ
1 место – борби, сениори -92 кг (18–34 години)
1 место – борби, сениори +92 кг (18–34 години)
Владимир Димитриевиќ
1 место – борби, сениори -85 кг (18–34 години)
2 место – борби, сениори -78 кг (18–34 години)
Михаил Гошевски
3 место – форми (борба со замислен противник), јуниори, жолт појас (14–15 години)
Медина Мусиќ
3 место – форми (борба со замислен противник), јуниори, жолт појас (14–15 години)
3 место – борби, јуниори -60 кг (14–15 години)
„Од клубот истакнуваат дека нивната форма и посветеност се охрабрувачки и дека следуваат нови шанси за успех. Клубот „Ге бек” со овие резултати уште еднаш го потврди својот квалитет и континуираниот напредок, а меѓународниот успех во Нови Сад е силен мотив за претстојните натпревари“. Истакнувата од клубот.



