Седум медали за таекводистите на МТТФ на „Софија опен“ – Еелена Јанеска најдобра јуниорка на турнирот

Натпреварувачите на Македонската традиционална таеквон-до федерација викендов освоија 7 медали – 1 златен, 2 сребрени и 4 бронзени, како и пехар за најдобра јуниорка 16-17 години на Меѓународниот турнир А класа „Софија опен 2023“ соседна Бугарија.

МТТФ  настапи со 6 натпреварувачи кои натпреваруваа во форми (борба со замислен противник) и спаринг борби од клубовите Сонкал, Матер и Хва ранг ИТФ.

Медалите ги освоија Давид Крстески од Сонкал – две бронзи во форми за црн појас И дан, јуниори 16-17 години и во спаринг, јуниори 16-17 години -63 кг.

Давид Крстески ја помина групата совладувајќи ги претставниците од Бугарија и Италија, додека во полуфинале беше совладан од претставникот на Грција, уморот го направи своето, а само една седмица во Зворник Давид го освои првото место.

Теодора Митреска од Мастер освои сребрен медал во спаринг јуниорки 14-15 -65 кг, додека Владимир Димитриевиќ од истиот беше оштетен од страна на судиите во првата борба, во  регуларно време, а и во продолжението во корист на домашниот натпреварувач.

Таеквондистите на Хва ранг ИТФ Елена Јанеска, Христијана Парулеска и Климент Богоески освоија 1 златен, 2 сребрени и1 бронзен медал, како и пехар за најдобар поединец.

„Климент Богоески имаше една победа, додека во вториот круг изгуби од претставникот од Грција.

Христијана Парулеска нашата европска кадетска шампионка, која влезе во поголема возрасна категорија јуниорки 14-15 години -50 кг, одлично се претстави. Во полуфиналето се сретна со актуелната европска шампионка во категоријата, Нели Павлова, при што имаа рамноправна борба, но судиската пристрасност и го прекинаа патот до златото. Но, се надеваме дека ќе имаме прилика на „Охрид опен 2023” за реванш. Исто така и во форми беше оштетена во полуфиналето од страна на судиите. Христијана Парулеска освои -3 место во форми за црн појас 1 дан, јуниорки 14-15 години и -3 место во спаринг, јуниорки 14-15 години  -50 кг.

Елена Јанеска минатогодишна европска вицешампионка, која беше оштетена од страна на судиите во Зворник во последнта секунда во полуфинале, овај натпревар се натпреваруваше во две категории освојувајќи 3 медали и пехар:

-1 место во спаринг, јуниорки 16-17 години -70 кг,                                                -2 место во спаринг, јуниорки 16-17 години  +70 кг,
-3 место во форми за црн појас И дан, јуниорки 16-17 години
-пехар за најдобра јуниорка 16-17 години

Елена Јанеска е нашиот херој, која и покрај силната конкуренција не израдува со одлични резултати, додека во финалето во категоријата +70 кг во полуфинале се славеше против актуелната европска шампионка. Во финалето убедливо водеше цело време и при крајот на борбата беше победена од страна на судиите  во корист на претставничката од Грција.

Да се има натпреварувачи кои и покрај сите напори, училишни обврски, уморни од патувања и натпревари, кога мислиш дека шансите за успех се сведени на минимум, знаејќи дека сте дојдени колку да се учествува и чекаш што побрзо да си одиш дома со празни раце, покрај сите неповолности , натпреварувачкиот дух во нив е посилен од се, давајќи го максимумот од себе, повторно го направија  невозможното да стане возможно, враќајќи се дома со еден куп одличја, правејќи да се гордееме со нив. Е, тоа се врвни натпреварувачи! За вакви спортисти вреди, треба и мора да се бориме, да им овозможиме да се искачат на светскиот пиедестал“, изјави Марјанчо Лазаревски претседател на МТТФ.

На овај престижен натпревар учествуваа 475 натпреварувачи од 12 земји од Европа.

Лазаревски најави дека на 24 јуни СРЦ „Билјанини извори“ ќе се одржи Меѓународниот таеквондо ИТФ турнир „Охрид опен 2023“ во организација на Хва ранг ИТФ од Лескоец-Охрид. На турннирот се очекува да учествуваат натпреварувачи од Босна и Херцеговина, Србија, Чешка, Албанија, Грција и Бугарија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON