Седрик Думбе дебитира со нокаут за 9 секунди во ПФЛ (ВИДЕО)

Кик бокс ѕвездата Седрик Думбе ја оправда возбудата околу неговото деби во ПФЛ.

На поранешниот француски шампион во кик бокс му беа потребни само 9 секунди за да изведе брилијантен нокаут против Џордан Зебо пред публиката во Париз.

Борбата заврши со брза победа откако Зебо се обиде со висок удар, кој Думбе го фати и веднаш возврати.

Седрик мавна силно лево кроше, проследена со десно. Тоа го запре Зебо и тој падна на подот. Со победата Думбе сега има 5-0 во својата ММА кариера и со нетрпение ја очекува следната борба во ПФЛ.

Резултати од гала вечерта на ПФЛ во Париз:

Седрик Думбе – Џордан Зебо со КО Р1, 0:09
Абдул Абдурагуимов – Бред Вилер со завршница Р1, 2:43
Јакоб Недох – Ентони Саламон со ТКО Р1, 1:35
Симеон Пауел – Даниел Ладеро со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Дакота Дичева – Корнелија Холм со ТКО Р3, 2:55
Јазид Чушан – Анри Мадуреира со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Лауреано Старополи – Баба Наџомбе со ТКО Р2, 5:00
Хуршед Кахоров – Али Талеб со одлука (29-28, 29-27, 29-27)
Франс Мламбо – Мохтар Бенкачи со одлука (29-28, 28-29, 29-28)
Јакуб Кашуба – Дилан Туке со одлука (29-28, 29-28, 30-27)
Џон Мичел – Гајзим Деруиш со одлука (30-27, 30-27, 30-27)
Шанел Даер – Луиза Цифуентес со одлука (30-27, 30-27, 30-27)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО