Се знае кој ќе го организира мечот меѓу Хрговиќ и Жанг, и колку ќе заработат боксерите

Во четвртокот на Спрингфилд се одржа лицитацаија за боксерскиот меч меѓу Хрватот Филип Хрговиќ и Кинезот Жилеи Жанг, а победникот ќе ја добие позицијата задолжителен предизвикувач на ИБФ во тешка категорија.

Организацијата на борбата ја доби Еди Херн и неговиот Мечрум бокс во соработка со Васермен бокс.

Херн е промотор на кинескиот бокс, а има соработувано и со Филип.

Мечрум и Васермен ја направија најдобрата понуда од 650.000 долари, надминувајќи ја понудата на промотерската куќа Пробокс од 410.000 долари.

Така Хрговиќ и Жанг ќе поделат 650.000 долари, а хрватскиот тешкаш ќе добие 60 отсто од тој хонорар (390.000 долари).

Во следниот месец боксерите треба да потпишат договор, а во меѓувреме ќе се договори датумот и местото на мечот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО