Се знае кога Фјури и Џошуа ќе боксираат за апсолутен светски првак

Договорот е се поблизу. Боксерскиот спектакл меѓу Ентони Џошуа, сопственик на титулите ВБА, ВБО, ИБО и ИБФ, против шампионот на ВБЦ, Тајсон Фјури, може да се одржи следната година.

Имено, тимовите на британските боксери веднаш постигнаа договор за мечот за титулата апсолутен шампион, а сега се решаваат проблемите што ја отежнуваа нивната борба.

Промоторот на Џошуа, Еди Херн, главниот организатор на мечот, му откри на репортерот Мајк Копингер дека средбата ќе се одржи во мај или јуни, а сè останато што треба да се реши се ситници.

Украинскиот боксер Александар Усик открива дека е подготвен да се откаже од сегашниот статус на задолжителен предизвикувач на ВБО.

– Сите четири појаси може да завршат во рацете на еден боксер. Тоа е неверојатна можност, нешто што ќе го гледате можеби еднаш во животот. Треба да седнеме сите и да разговараме, за да го направиме тоа, тоа би било нешто навистина големо“, рече Александар Усик.

И Украинецот има можност да има корист од оваа ситуација. Имено, Усик би можел да го бара местото на задолжителниот предизвикувач на победникот.

Но, тоа може да создаде некои проблеми, бидејќи таборите на Џошуа и Фјури сакаат два меча во низа, без разлика како ќе заврши првата борба.

Фјури имаше некои проблеми со Дионтеј Вајлдер, но се чини дека Американецот ја губи правната битка во обид да стигне до третиот меч против Кралот на Ромите.

Изгледа дека Бронзениот бомбардер ќе треба да тргне по друг пат во неговата кариера.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON