И Волкановски сака се испроба во боксот

И Александар Волкановски ја прифати модата на претставниците на разни боречки вештини да се обидат во боксот.

УФЦ шампионот во перо категорија минатата недела беше во публиката на мечот меѓу поранешната ММА ѕвезда Марк Хант и рагбистот кој стана боксер, Пол Галон минатата недела. Кога победникот Галон го предизвика УФЦ-борецот Роберт Витакер, Волкановски ги начули ушите и реши да се испроба во рингот како дел од судирот помеѓу ММА-борец и професионален боксер. И неговата желба е да се соочи со поранешниот светски шампион Џеф Хорн.

„Има многу боксери во мојата категорија. На крајот од мојата кариера во УФЦ, би сакал да направам неколку бокс мечеви. Ако го направиме тоа додека сè уште сум во УФЦ, ќе треба да се справиме со неколку пречки, но тоа е нешто што јас би сакал да го сторам. Имам дури и бокс меч – 1-0 сум како професионалец. Ќе биде забавно да се бориме со Хорн. Неговиот стил е чуден, неговата работа со нозете е многу невообичаена. Мислам дека можам да го фатам. Знам дека размислува за пензија. Многу го почитувам затоа што е чесно момче и мислам дека ќе биде забавно“, рече Волкановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО