Конор Мек Грегор: Продадов најмногу ППГ-а во 2020 година за УФЦ

Поранешниот шампион на УФЦ во две различни категории Конор Мек Грегор се пофали со рекордите што ги собори оваа година.

На својот профил на социјалните мрежи, „Озлогласениот“ се пофали дека бројот на платени гледања продадени од борбата со Доналд Цероне 1.353.429, што е најмногу за настан на УФЦ годинава. На почетокот на оваа година, Мек Грегор се врати во полусредна категорија и го нокаутира Каубојот за 40 секунди.

Тој сакаше да направи уште неколку борби оваа година, но се скара со УФЦ и неколку месеци подоцна објави дека се повлекува од ММА. Неговото пензионирање не траеше долго и се договори со Дана Вајт. Мек Грегор ќе се врати во Абу Даби на крајот на следниот месец за да се бори против Дастин Пориер.

„100% одбрана и 100% напад. Најмногу продадени ППГ-а за 2020 година. Најмногу продадени билети. Победа со најбрз нокаут во главната борба во 2020 година. За само 40 секунди.

Секоја чест за УФЦ за добрата работа во 2020 година. Единствената спортска компанија на планетата што беше домаќин на настани во текот на целата година! Неверојатно!

Чест ми е што го обезбедив најголемиот број на ППГ за годинава на Мек Грегор – Церороне. Честитки и за Цероне, кој успеа два пати да го заврши Рафаел дос Анчос во Сабмишн андерграунд“, напиша Конор на социјалните мрежи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО