Тајсон Фјури и Теофимо Лопез се „Борци на годината 2020“

Магазинот „Ринг“ објави дека шампионот на ВБЦ во тешка категорија, Тајсон Фјури и шампионот во лесна категорија, Теофимо Лопез ја освоија наградата „Борец на годината“ во 2020 година.

Наместо само да изберат една личност, како што е вообичаено, вработените на Ринг ги избраа  двајца, со што направија хаос. Така, Тајсон Фјури (31-0-1, 21 КО) и Теофимо (16-0, 12 КО) се најдобри за изминатата година.

Оваа година, Фјури и Теофимо забележаа неколку од најголемите победи. На почетокот на оваа година, Фјури успеа да го победи Дионтеј Вајлдер и да го нокаутира во 7-тата рунда по тоталната доминација.

Теофимо, пак, се справи со Василиј Ломаченко во октомври, победувајќи го со одлука на судиите. Фјури и Теофимо останаа непоразени во рингот, со скорот на Лопез 16-0 во рингот, а на Фјури со 30-0-1.

Фјури е првиот британски борец што ја освоил оваа награда два пати. Тој беше борец на годината на Ринг во 2015 година и се врати на врвот 5 години подоцна.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО