Мајк Тајсон повторно почна да тренира (ВИДЕО)

Легендарниот шампион Мајк Тајсон продолжи со тренинзи.

54-годишната легенда се врати кон крајот на минатиот месец по 15-годишно отсуство. Тој направи шоу против друг ветеран, Рој Xонс. Tie имаа интересна битка која траеше 8 рунди по 2 минути. Немаше официјален резултат од борбата, но тројца поранешни боксерски шампиони неофицијално досудија нерешено.

Железниот беше категоричен дека ќе направи ново шоу затоа што се чувствува добро во рингот. Мајк и Рој собраа над милион платени гледања и станаа нивниот најпродаван тим  во 2020 година во боречките вештини. Не е познато кој ќе му биде противник за следниот меч, но Ивандер Холифилд не престанува да го предизвикува за трилогија и веројатно ова ќе биде неговата следна борба.

Еве како тренира Тајсон со Рафаел Кордеиро:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО