Се заговара враќање на Мек Грегор во реванш меч со Жозе Алдо

Конор Мек Грегор може да се врати во октагонот за реванш со Жозе Алдо. Ваквите вести се раширија од Ток ММА. Според извештаите, ирската ѕвезда ќе се бори повторно на УФЦ 244, што е закажан за 2 ноември во Њујорк, а негов ривал ќе биде Алдо.

Двајцата веќе имаа меч кој му припадна на Конор, совладувајќи го за само 13 секунди. Тоа се случи во декември 2015 година. Тогаш Мек Грегор ја освои титулата во полулесна категорија. Бразилецот го забележа првиот пораз по 10 години. Потоа следеа уште три порази.

Од друга страна, Мек Грегор во последната битка со Хабиб Нурмагомедов беше натеран на предавање и оттогаш не се борел. Тој доби и казна за инцидентите по мечот со Дагестанецот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО