Поранешната УФЦ шампионка Миша Тејт добива се поголем медиумски замав со нејзината попопуларна радио емисија „ММА тунајт“ на радио Сириус ХМ Раш. Во вторникот зборуваше за темата која се повеќе се споменува во боречките кругови, а очигледно информацијата е пуштена во јавноста за челниците на УФЦ да дознаат дали нивната идеја ќе падне во плодна почва. Станува збор за потенцијален супер-дуел помеѓу Конор Мек Грегор и Жорж Сент Пјер.
Кога се појавија гласините за тој дуел, што би можел да следи во 2018 година, повеќето од нив на почетокот сметаа дека тоа е невозможна мисија. Мек Грегор е во лесна категорија, а најголем дел од кариерата го помина во перолесна категорија. ЖСП наскоро ќе се обиде да го освои шампионскиот појас во средна категориоја против Мајкл Биспинг. Да ви ја скратиме маката околу пресметките, се работи за разлика од околу 14 килограми. Но, канадскиот борец долги години беше шампион во влетер, а Мек Грегор направи две средби против Нејт Дијаз во таа категорија …
Тејт, сепак, смета дека Ирецот е фаворит во тој дуел.
„Конор е борец што многу пати сум го потценила без никаква причина. Верував дека нема да победи во некои мечеви што на крајот му тргна од рака. Човекот е во посебна лига кога зборуваме за планирање тактики и за „валкано зборување“. Тој знае како му влезе на противникот во главата, никој не го прави тоа подобро од Конор Мек Грегор. И затоа никако не би го отпишала во овој дуел“.
„Верувам дека е побрз. Мислам дека има одлични удирачки техники, а ЖСП предолго беше надвор од октагонот. Затоа верувам дека Мек Грегор може да направи тактика со која би можел да го победи скоро секого, а против ЖСП и самиот по себе е крајно соодветен“, додаде Тејт.
„Жал ми е што воопшто зборувам за ЖСП, бидејќи толку долго беше надвор од натпреварувањето. Тој е совршен кога се бори. Можеби не се работи за највозбудливиот борец што некогаш сте го виделе, но речиси секогаш се бори совршено. Ова е многу тешко. Ретко кога ќе најдете спортист кој е толку совршен во секој сегмент од својот спорт. Жорж никогаш не отстапува од неговата стратегија, како да е робот, како контролите да се на друго место, а тој го прави она што мора, за да победи. Но, во овој „меч“ верувам дека Конор е фаворит. Тешко е него да го победите, но и ментално да му парирате. Технички, Конор е побрз и тука е неговата голема предност“, објаснува поранешниот шампион на UFC и заклучува:
„Мислам дека Конор во овој дуел ќе помине многу добро. Постојано напредува, многу е атлетски, има тешки раце. Мислам дека ќе нокаутира многу противници кои се потешки од него. Погледнете го против Мејведер, јас бев силно импресионирана. Мислевме дека лесно ќе го изгуби тој меч, а добро се држеше“.