Се појавија сомнежи за допинг-статусот на Даниел Дубоа

Даниел Дубоа (21-2) се најде под сомнеж поради допинг контролите на ВАДА. Агенцијата која се грижи за интересите на Ентони Џошуа (28-3), 258МГТ, објави соопштение на социјалните мрежи во кое ги прашува во Квинсбери промоцијата дали „динамитот“ остварил контакт со агентите на агенцијата.

Статусот на Дубоа сè уште беше неизвесен во тоа време, но само неколку часа подоцна пристигна писмо од Квинсбери со кое се докажува дека шампионот на промоцијата веќе влегол во програмата за тестирање за да ја следи неговата состојба во неделите пред гала вечерта на Вембли.

Потсетуваме, Даниел Дубоа ја заложува светската титула на ИБФ на 21 септември против Ентони Џошуа, откако појасот официјално му беше врачен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON