Се појави видео од бркотницата меѓу Веласкез и педофилот (ВИДЕО)

Медиумите во САД прикажаа кратко видео на кое се гледа трката меѓу легендата на ММА Каинн Веласкез и 43-годишниот педофил Хари Јуџин Гуларте. Веласкез пред неколку дена дознал дека Гуларте блудничел со неговиот 4-годишен син во градинка во Сан Мартин, Калифорнија.

Градината била во сопственост на мајката на Гуларте. Различни извори тврдат дека грозоморното злосторство се случувало редовно. Каин решил да ги преземе работите во свои раце и тргнал да го брка Гуларте со својот автомобил.

Веласкез отворил оган, но не го погоди педофилот, туку неговиот очув. Раните не се фатални и очувот на педофилот ќе живее. Но, проблемите на Каин допрва почнуваат.

Тој е во притвор и доколку биде осуден за обид за убиство, му се заканува казна затвор до 20 години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО