Хабиб и Дана Вајт му дадоа поддршка на Веласкез: Го направи она за кое сите зборуваме дека би го направиле

Хабиб Нурмагомедов застана во одбрана на Каин Веласкез, откако поранешниот шампион во тешка категорија беше уапсен за обид за убиство во Калифорнија.

39-годишниот Веласкез беше уапсен откако стрелал со пиштол во автомобил во кој бил човек кој пак, претходно бил уапсен за сексуален напад на малолетна роднина на фајтерот. Според американските медиуми Веласкез го погодил очувот на неговата роднина, но тој ќе преживее од повредите.

Покрај обвинението за обид на убиство, Веласкез е обвинет за пукање кон возило, три обвиненија за напад со оружје, три обвиненија за напад со смртоносно оружје и носење на оружје со намера да стори прекршок. Ако биде осуден за обидот за убиство тој може да добие најмалку 20 години во затвор, а за другите обвиненија ќе добие дополнителна казна.

Веласкез работеше во вежбалната „Америка кикбоксинг академи“ во Калифорнија, каде што работеше и Хабиб, Даниел Кормиер и Лук Рокхолд, и тој доби поддршка од својот пријател.

„Ти си човекот, Каин. Те сакаме и ќе бидеме постојано покрај тебе“, напиша Хабиб.

„Секако дека ми е жал за него и неговото семејство. Тоа е страшна работа. Не знам доволно детали за да зборувам за се, но според она што го слушнав – сите велиме дека истото би го направиле во таква ситуација. Каин всушност го направи тоа“, рече Вајт.

Поддршката за Каин доаѓа буквално од сите страни, но прашање е колку ќе му значи кога ќе се најде пред судството. Сепак, ако Каин може да се помири со својата работа и со она што го чека, се друго е неважно.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО