Се подготвува ли Ронда Русеј за ново враќање?

Се враќа ли Ронда Русеј во УФЦ? По вториот тежок последователен пораз, овој пат од Аманда Нунес, повеќето фанови сметаа така. Ронда се уште официјално не ја објавила својата одлука.

Сепак, нејзините навивачи добија нова надеж, откако стана јасно дека Роуди започна да работи со нов тренер. Тоа е Дан Гарнер, кој е специјалист за снагата и исхраната.

Тој изјави дека ќе работи со Ронда Русеј преку личен профил на Инстаграм:

https://www.instagram.com/p/BSMYHlFgurz/?taken-by=dangarnernutrition

Како и што можеше да се очекува, новитетите околу Ронда доведоа до куп шпекулации. Дали тоа значи дека планира да се врати во октагонот? Или, пак, само сака да биде во добра форма, имајќи во предвид дека сигурно нема да остане без обврски во иднина?

Претседателот на УФЦ, Дана Вајт, исто така смета дека Ронда никогаш повеќе нема да се бори. Но не се малку случаите во кои Вајт зборува едно, а се случува токму спротивното. Останува да видиме што ќе покаже иднината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО