Се подготвува борбата меѓу Јан Блахович и Александар Ракиќ

УФЦ има намера да се соочи со поранешниот шампион во полусредна категорија Јан Блахович и Александар Ракиќ. Нивната средба е закажана за 26 март како голем настан, но се уште ништо не е официјално потврдено.

Се очекуваше Блахович да се соочи со Ентони Смит, но се чини дека преговорите пропаднаа. Сега УФЦ се фокусира на Ракиќ кој има две последователни победи – над Смит и Тијаго Сантос.

Блахович ја загуби титулата од Гловер Тешаира на УФЦ 267. Затоа неговата следна борба е толку важна, бидејќи сака повеќе од се да си го врати појасот.

И Ракиќ сака шампионска битка.

Засега Тешеира најверојатно ќе се бори со Јиржи Прохаска некаде на почетокот на 2022 година. Можно е победникот од оваа битка да се соочи со победникот меѓу Блахович и Ракиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON