Се подготвува бокс меч на заколнатите непријатели Мек Грегор и Малигнаги?

Според различни извори, зад кулисите се подготвува средба меѓу двајца заколнати непријатели – Конор Мек Грегор и Полие Малигнаџи.

Нивната борба може да биде во боксерскиот ринг.

Малигнаџи му помагаше на Мек Грегор во бокс-вештините за време на подготовките на Ирецот за битката се Флојд Мејведер. Сепак, се разделија со скандал и на неколку пати имаше сериозни расправии меѓу нив.

Мек Грегор во моментов е под договор со УФЦ, но познато е дека претседателот на организацијата Дана Вајт сака да влезе поактивно во светот на боксот и најверојатно во овој случај нема да се двоуми повторно да го искористи „Озлогласениот/The Notorious“.

Вајт дури потпиша договор со Рој Џонс кој како организатор на настани ќе протежира свои мечеви УФЦ Фајт пасс во наредните три години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО