Се огласи косовскиот тренер кој удри шлаканица на девојче: Наседнавте на српската пропаганда, таа е моја ќерка!

Вниманието на балканската спортска јавност го привлече однесувањето на косовскиот теквондо тренер, кој на Европското првенството во Тирана со шлаканица ја удри осумгодишната Валина Фетиу по поразот во финалето од српската натпреварувачка, Нина Савиќ.

Тој се огласи преку косовските медиуми, истакнувајќи дека тој ѝ е татко на девојчето, а ја удрил да се врати при себе.

„Валина е моја ќерка и никој не ја сака повеќе од мене. Во моментите кога девојето беше дезориентирано и луто, бидејќи загуби од српската натпреварувачка, лежеше на земја неспособна да го прифати поразот. Едноставно, сакав да ја смирам и да ставам до знаење дека и покрај поразот е вицешампионка и ќе има и други шанси за победа. Медиумите на Косово наседнаа на српската пропаганда и се обидоа да му дадат друг смисол на моментот. Повторувам, јас сум нејзин татко. Мојата сопруга, мајката на Валина, беше таму, неколку метри од нас. Ниту еден Србин и Бошњак не ја сака мојата ќерка повеќе од нејзините родители. Со Валина работам 12 месеци за ова натпреварување и ќе работам целиот мој живот“, вели Ваљмир Фетиу.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО