По дивјачкиот напад врз автобусот во кој се превезуваа борците за УФЦ 223, при што двјаца беа повредени, но рускиот Орел премногу не евозбуден. Само неколку часа по инцидентот, Нурмагомедов за медиумите зиајви:
„Се смеев во себе. Скрши прозор? Зошто? Дојди внатре. Знаеш дека УФЦ нема да те пушти. Ако си вистински гангстер, зошто не влезеш внатре“?
Хабиб, кој при двавањето на изјавата беше исклучително мирен и сталожен, додаде:
„Ова е историски гангстерско место. Бруклин. Сакаш ли да разговараш со мене? Испратете ми ја локацијата. Мораме да разговараме? Нема проблем, доаѓам“.
„Јас сум одгледан работите да ги решавам на таков начин, а не да фрлам столици во автобус“.
Непоразениот УФЦ борец објасни дека Мек Грегор и неговиот тим потполно промашиле. Неговиот тим, кој наводно, требало да биде цел на нападот, не бил во нападнатиот автобус.
„Тоа не беше мојот автобус, тоа беше автобусот на црвениот агол. Целиот мој тим воопшто не беше со мене. Бев само јас и мојот менаџер Али Абделазиз и мојот човек во аголот на Мухамед. Целиот црвен агол беше во автобусот. Роуз Намахунас, Ал Јакинта, Каролина Ковалкиевич, Реј Борг, сите … “, објаснува Русинот.
Запрашан дали бил повреден за време на нападот, Нурмагомедов одговори:
„Не, добар сум. Се чувствувам добро. Утре (денеска – н.з.) ќе го направам официјалното мерење. Во сабота ќе го освојам појасот и ќе ги променам работите во оваа категорија“.
Мек Грегор по инцидентот, кога слушна дека е баран од страна на полицијата, сам се предаде во полициска станица во Бруклин. Но, Нурмагомедов не сака да го гледа во затвор и тоа не е нешто што може да го задоволи. Има друга идеја …
„Да бидам искрен, не сакам да оди во затвор. Мораме да се бориме. Ако треба да се бориме, зошто да не го сториме тоа. Нека ми ја испратам локацијата. Мораме да го решиме ова. Тој и јас Еден на еден. Сака ли 10 на 10? Може и тоа“.
„Јас целиот негов тим го исшлакав и никој не писна. Дојде со камери, со медиумите, кога бев сам. Сакав да излезам од автобусот, но не ми го дадоа. Тој знае што се случи. Тука сум, ги чекам“.
Наводниот повод за дивјалкиот напад на Мек Грегор бил конфликтот што се случи пред два дена во ходникот на хотелот меѓу Нурмагомедов и купскиот другар на Мек Грегор, Артем Лобов. Русите објаснуваат што точно се случило тогаш …
„Ништо. Само му објаснив на Артем Лобов како на мало дете … „Еј, немој никогаш веќе да зборуваш за мене““, заклучува можеби идниот УФЦ шампион.
https://www.instagram.com/p/BhMpz86hMMc/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=embed_profile_upsell_logged_in_test
.