Лудницата заврши: Хабиб Хурмагомедов ќе се бори со Јакината на УФЦ 223

УФЦ 223 ќе биде запаметен како најлудиот настан направен од организацијата досега.

Откако двајца противници откажаа неколку дена пред мечот, Хабиб Нурмагомедов доби трет, а тоа е Ал Јакинта.

Јакинта е потежок од границата на лесна категорија, па затоа нема да се бори за титулата, но ако победи Хабиб, тој ќе го освои појасот.

И ако ова не изгледа доволно лудо, потсетете се дека денеска светски шампион Конор Мек Грегор, на кого ќе му биде одземена титулата ако победи Хабиб, го нападна автобусот на Орелот и беше уапсен.

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО