На дан полагањето на Џудо федерацијата на Македонија во Битола во недела петмина кандидати положија за кафеав појас 1 кју и двајца за црн појас 1 дан.
Теодора Ристеска положи за кафеав појас 1 кју прв циклус, а за 1 кју положија Михаел Конески и Тале Трајковски.
За црн појас 1 дан положија Христијан Рајков и Стефан Бојаџиев.
Полагањето се одржа во недела во просториите на ЏК Пелистер.
На состанокот на Дан комисијата е дискутирано за воспоставување соработка на Комисијата со дан комисиите од соседството за унапредување на работата. Исто така е разговарано и за подготвителен семинар за полагање на ДАН и 1 КЈУ, со цел доедукација и укажување на евентуалните недоследности на кандидатите.