АктуелноДомашна сценаЏудо

Се интензивираат подготовките за Европското џудо првенство за кадети во Скопје

Во тек се подготовките за Европското џудо првенство за кадети и кадетки во Скопје од 26 до 29 јуни. Денес завршува рокот за пријавување на натпеварувачите за ЕП.

„За прв пат во Македонија ќе се организира Европско кадетско првенство во џудо, најголемо првенство од овој карактер во 2025 година. Според наше мислење, настан над сите спортски настани во Македонија. Европа доаѓа во Скопје и ние мораме да ја оправдаме довербата“, вели Дејан Мицкоски, спортски директор на Македонската џудо федерација (МЏФ).

Европското првенство ќе биде настан од највисок ранг кој досега воопшто се одржал во џудо спортот кај нас. Натпреварувањето ја опфаќа возрасната категорија кадети во машка и женска конкуренција родени 2008/09/10 година со  вкупно 16 тежински категории (8 во машка и 8 во женска категорија).

Борбите ќе се одвиваат во поединечна и екипна конкуренција.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON