Се е подготвено за мечот на деценијата!

W

Mечот на деценијата, во кој ќе се сретнат Мани Пакијао и Флојд Мејведер во борбата за светската титула во велтер категоријата, организаторите потврдија дека деталите се договорени и во следните неколку дена ќе биде јасно.

Според првичните најави, мечот би се одржал на 2 мај во МГМ „Гранд гарден арената“ во Лас Вегас, а Пакијао се согласил паричната добивката да биде распределена 40:60 во корист на американскиот боксер.

„Подготвени сме. Што се однесува до нас, се се договоривме и ги поминавме сите детали, односно само се согласивме со барањата. Пакијао потпиша се и е подготвен за мечот“, рече промоторот на Паијао, Боб Арум.

Мејведер во кариерата има фантастични 47 победи од исто толку борби од кои 26 со нокаут додека скорот на боксерот од Тајланд е 57 победи со 38 нокаути, пет порази и два меча кои завршиле без победник .

Борбата е за три шампионски појаси во WBO, WBA и WBC верзиите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО