Боксерите од „Пинк Пантер“ заборавени во изборот за спортист на годината!?

Dimitar Taskov

Од Боксерскиот клуб Тим Пинк Пантер регаираат на Комисијата за избор на најдобар спортист на град Штип за 2014 година, зашто сметаат дека боксерите од клубот, а и самиот боксерски колектив, е заобиколен и не се вреднувани нивните резултати.

Илија Маденовски од Пинк Пантер забележува дека неговиот клуб ја организирал најголемата спортска манифестација во Штип, Меѓународниот боксерски турнир „Јордан Мијалков“, со учество на повеќе репрезентации.

Понатаму, во нивната рекација се забележува дека Димитар Ташковски е државен шампион и во Бокс лигата „Баргала“ во 4 кола забележал 4 победи, а на четирите меѓународни турнири во Црна Гора, Србија, Косово и на „Златниот гонг“ во Скопје освоил две први и две втори места. Исто така и Никола Арсов е шампион на Македонија и учествува на турнири во Босна и Херцеговина, Косово, каде што е втор, а на „Јордан Мијалков“ е прогласен за најдобар боксер.

Во реакцијата се набројуваат и успесите на Дејан Пенев и Бобан Коцев. Пенев е вицешампион на Македонија и има по еден златен и еден сребрен медал од меѓународните турнири, додека Коцев има 2 злата, 3 сребра и 1 бронза од меѓународните настапи.

Да потсетиме дека за најдобар сениор, воедно, и спортист на годината во Штип е каратистот Емил Павлов, кој минатата година стана европски шампион на Европското првенство во Тампере, Финска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО