Се е подготвено за „Македонскиот бисер“, Молдавија и Украина не се појавија на мерњето

На мерењето за 41-от Меѓународен турнир во борење „Македонски бисер“ во Штип се појавија 40-тина борачи и помина без проблеми.

Од најавените репрезентации на мерењето не се појавија Молдавија и Украина. На Молдавците им се расипал автомобилот во Бугарија, а од Украинците нема информации зошто не се појавија. Така, на утрешните борби ќе видиме борачи од Македонија, Бугарија, Албанија, Белорусија, Косово, Унгарија, Англија, Романија и Србија.

Од друга страна, од нашите борачи на душекот нема да се појават Дејан Митров, Могамедгаџи Нуров и Владимир Егоров. Затоа, пак, публиката ќе може да ужива во борбите на Бесмир Весели, Бобан Савев, Елмедин Сејфулаху, Минир Реџепи, Столе Ефтимов и други.

Најинтерсни ќе бидат потешките категории, бидејќи има поголема конкуренција.

Борбите почнуваат во 10 часот во спортската сала „Јордан Мијалков“, а во 16 часот се пресметките за бронзен медал, во 17 е свеченото отворање и по него финалните борби.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON