Даниел Стефановски: Јас сум првиот Македонец што се бори за К-1, ќе чекам момент брзо да ја завршам борбата!

Даниел Стефановски го помина мерењето (82,5 кг) за утрешните мечеви на турнирот четеиримината млади борци во категоријата до 81 килограм на Меморијалниот турнир Енди Хуг во организација на јапонската промоција К-1, а тој се среќава со Сем Браан од Холандија, додека другиот пар го сочинуваат Французин и Швајцарец.

Даниел, кој е во одлична серија од пет последователни победи во реномираната кик бокс промоција Суперкомбат, за утрешните борби и противникот вели:

„Мојот противник Сем Браан е голема легенда од Холандија. Има 85 профи борби и се борел во целиот свет, а и меч со Тајрон Спонг – голема легенда во К-1. За мене тоа е голем успех, да се борам против такви борци и се радувам“.

Стефановски ќе се бори под македонско знаме.

„За мене тоа е голем успех, оти сум првиот Македонец што може да се бори за официјалното К-1. И, поради тоа, за мене тоа е голем успех. К-1 је најстарата организација во која имаше борци како: Енди Хуг, Ернесто Хуст, Реми Бонјански и други легенди“.

Сите се наивкнавме да очекуваме само победи од Даниел, и тоа со нокаут…

„Со сигурност можете да очекувате технички чиста борба…и јака. Како што ме знаете сите, јас секогаш го чекам моментот брзо да ја завршам борбата. Сето друго ќе го видиме во рингот“.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО