Сашко Арсовски: Резултатите од Медитеранските игри не се за потценување!

Македонските каратисти освоија три медали на Медитеранските игри во Тарагона, Шпанија, Берат Јакупи златен, Жарко Арсовски и Ненад Келебиќ бронзени. Со овој резултат сигурно дека ќе бидат најуспешниот состав на нашата експедиција во Шпанија.

 

Пред тренерот на сениорската репрезентација во борби Сашко Арсовски стојат нови предизвици како Светското првенство наесен во многу посилна конкуренција, каде што ќе се изборуваат олимписките визи.

„Посветеност, упорност и многу работа, а тоа го можат моите каратисти. Тоа и го покажуваат на дело со освојувањето на двете бронзи и златото на Берат Јакупи. Морам да спомнам дека во борбата за бронзениот медал во тешка категорија над 84 килограми Жарко Арсовски беше поразен од европскиот шампион од 2017 година, Симоне Марино, додека Берат во финалето го победи познатиот француски репрезентативец Да Коста кој има многу титули. Тоа кажува дека резултатите од Медитеранските игри не се за потценување“, вели Сашко Арсовски.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО