Сашко Арсовски: Емил покажа и докажа како треба да се претстави својата држава (ВИДЕО)

Емил Павлов го освои сребрениот медал на Светското карате првенство во Дубаи, ОАЕ, и го постигна најголемиот успех на македонското карате во независна Македонија. Иако не победи во борбата за златниот медал со искусниот Французин Стивен Дакоста кој е олимписки, светски и европски првак, резултатот е голем, а Павлов покажа дека е еден од најдобрите македонски спортисти.

Секако, најзаслужни за неговиот успех се тренерите Сашко и Жарко Арсовски. Сашко денеска мечот го следеше од Штип и за резултатот на Павлов вели:

„Денешниот резултат на мојот ученик Емил Павлов беше мојот сон како тренер да го постигнам – влез во едно големо светско финале. И, успеав. Мора да споменам дека ова беше долг проект со многу перипетии за мене и Жарко Арсовски, како тренери на најдобриот спортист во нашата држава Македонија, Емил Павлов. Но, сепак, успеавме сите тројца заедно. Емил во сите борби покажа мајсторство во карате спортот и покажа и докажа како треба да се претстави својата држава, својот град и својот матичен клуб. Задоволен сум и пресреќен сум од историскиот резултат за сите нас. Овие денови Штип ќе слави“.

Резултати Светско првенство 2021 – Дубаи:

-67 кг
Емил Павлов – Матеј Хомола (Словачка) 4-3
Емил Павлов – Садридин Сајматов (Узбекистан) 3-0
Емил Павлов – Абдалах Хамат (Јордан) 3-1
Емил Павлов – Али Елксави (Египет) 4-1
Емил Павлов – Мартиал Тадиси (Унгарија) 3-3
Финале
Емил Павлов – Стивен Дакоста (Франција) 0-8

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО