Сашко Арсовски: Емил не направи ниту една можна грешка во финалето и на најубав начин ми го честита роденденот! (ФОТО)

Тренерот на репрезентацијата Сашко Арсовски вели дека го добил најголемиот поклон заутрешниот роденден – златниот медал на Емил Павлов на Европското сениорско првенство во Нови Сад, Србија.

Како ја виде борбата од аголот?

Уште пред тргнувањето за Нови Сад изјавив дека мојата цел е влез во финале и победа во него. Тоа и се случи! Ја постигнавме целта, мојот ученик стана европски шампион! Со еден збор, ја покоривме Европа. Морам да кажам дека Емил не направи ниту една можна грешка во финалето, работеше според договорената тактика, бидејќи знаевме дека Италијанецот е многу незгоден противник и истиот работи одлично со ножна техника. Но, се идпадна според планот.

Сашко Арсовски освои многу медали и сениорски од Европско првенство. Твојот ученик освои злато под твое раководство како тренер на репрезентацијата. Какви се чувствата кога си покрај татамито, бидејќи своевремно како репрезентивец се бореше за медал, а сега советуваш, се нервираш, подвикнуваш, се радуваш, скокаш?

Чувството да стоеш како селектор, и тоа во финале на Европско првенство на свој ученик, не може да се опише. Исто така не може да се опише и какво е чуството и по победата во едно големо европско финале. Утре ми е роденден, ова е најголем поклон за мене.

Какви се плановите за Светското првенство?

Плановите за Светското првенство во Мадрид од 6 до 11 ноември се едноствани – нема застанување, продолжуваме со работа.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON