На интернационалниот карате турнир “Плевлја Опен” во Црна Гора Симона Симовска настапи во кадети +54 кг и го освои сребрениот медал, а нејзиниот клуб Тигар 2003 вкупно три сребрени.
Таа настапи во тешка конкуренција на14 натпреваривачки. Во првото коло беше слободна, во второто со резултат 3-0 ја совлада босанската натпеварувачка Дајана Калаџиќ. Во полуфинале триуфираше над Илина Мустафиќ со 3-0 и во финалето е поразена од Дина Махмут (БиХ) со 1-0, а воедно и оштетена од пристрасноста на судиите. Во сите настапи Симовска доминираше и покажа квалитетна борба.
Санда Спасовска настапи во кадети -54 кг, каде што во првото коло е совладана од Ана Золетиќ (БиХ) со 3-2. Никола Милевски во категорија -50 кг 2004 се закити со сребрениот медал. Во првото коло беше слободен, во втората борба го совлада Црногорецот Владимир Вукчевиќ со 2-0 и во финалето е поразен од Босанецот Емат Табаковиќ со 2-0.
Во екипен настап женскиот јуниорски тим (Савиќ. Симовска и Спасовска) го освои второто место.
Ipon.mk/В. Д.