20 медали за ЏК Сеишин на Државниот шампионат за деца и кадети

Seisin drzavno prilep deca kadeti 2016

На Државното првенство за кадети и деца во Прилеп Џудо клубот Сеишин со 23 натпреварувачи (11 во кадетска и 12 во конкуренција деца) освои 20 медали – 4 златни, 4 сребрени и 12 бронзени.

Drzavno dzudo opsta Prilep 2016 mart

Деца-момчиња: -22кг Борис Џагадуроски- 2 место, -34кг Никола Магдески- 1 место, -42кг Дино Рошкоски – 3 место, -42кг Леонид Митрески – 3 место, – 46кг Стефан Станкоски – 3 место, -46кг Александар Николоски -3 место, -50кг Димитри Џокоски – 1 место +50 кг. Андреј Сотироски -3 место.

Деца-девојчиња: -21кг Теа Настоска – 2 место -21кг, Теона Настоска – 3 место, -36кг Теодора Тасеска – 1 место.

Кадети: -66 кг Марио Тошески – 3 место, -81кг Михаел Конески – 3 место, +90 кг Марио Цинцароски – 2 место, +90 кг Јован Најдоски – 3 место.

Кадетки: -48кг Михаела Ржаникоска – 3 место, -63 кг Михаела Пешталеска – 2 место, -63 кг Христина Ковилоска – 3 место, +70 кг Александра Најдоска – 1 место, +70 Стефани Петреска – 3 место.

На првенството во организација на ЏК Сеишин настапија околу 190 натпреварувачи од 16 клубови. Првенството го следеа околу 700 љубители на спортот.

Dzudo vetarni site blagodarnici site 2016

„Посебно светло на овој настан даде свеченето доделување на благодарници на џудо ветраните (пионерите на џудото во град Прилеп) и на иницијативата на Иницијативниот одбор по повод 50 годишнината од започнувањето на практиктикувњето на џудо спортот во Прилеп. Иницијативниот одбор го претставуваше 65 годишниот џудист Киро Здравески,кој активно тренира со Сеишин, а присутни беа околу 35 ветерани“, велат од клубот организатор на првенството, Сеишин.

Во Петок на 1април во Кавадарци во организација на Федерацијата на училишен спорт и Џудо Федерацијата на Македонија ќе се одржи Државното првенство во џудо за учениците во основните училишта.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО