Сара Радичевска од Макпетрол на Светскиот луп „Лашко 2016“ го освои првото место во борби со што најави дека на Европското првенство во Монпелје-Франција, ќе биде нашиот претендент за трофеј.
Сара, повторно враќање со победа на натпреварувачка од калибарот Австријанката, Бетина Планк, која е една од водечеките во оваа категорија, потоа и над Србинката од која загуби на БП во Истанбул?
-Резултатите од Балканското првенство не беа како што планирав, затоа бев многу мотивирана и интензивно и посветено се подготвував за Светскиот куп, бидејќи морав да ги исполнам своите и очекувањата на мојот тренер. Противничките со кои настапив се доста искусни медалистки, што ме мотивираше и јас да се покажам во најдобро можно светло. На Балканското многу наивно ја изгубив борбата од Романката, која одлучуваше за медал, бидејќи имав водтсво од 3-1.
Што се промени во овие две недели кај тебе?
-Жарот за борба дефинитивно беше тоа поради кое загубив од Романката. Кога требаше да го чувам водството јас бев толку желна за победа и на некој начин заборавив на важноста на борбата и продолжив со нападите. Мојата физичка форма се подобри, како и психичката, што резултираше со паметни смирени борби.
Може ли годинава да очекуваме медал од Европското првенство или од Светското?
-Да, се разбира! Јас се надевам и очекувам дека со добра подготвеност ќе дојдам до сениорски медал од Европско, потоа и од Светското.
Кои противнички не ги поскауваш, а против кои најмногу доаѓаш до израз?
-Нема противнички кои не ги посакувам, дури би сакала и да се паднам со најдобрите заради моето искуство. Имено, сакам противнички со спортски дух и чиста техника, така најдобро доаѓа до израз мојата подготвеност.
Што ќе биде твојата предност во оваа сезона?
-Направив одлични мечеви, но следат уште некои лиги на кои треба да настапам и тие очeкувам да влијаат позитивно врз мојата форма. Предноста која ми ја даде овој медал од Светскиот куп е директен пласман за Светското првенство.
До златниот медал
Радичевска (-50 кг) во финалето на Светскиот куп „Лашко 2016“ ја совлада Србинката Јелена Миливојчевиќ од која загуби на Балканското првенство. Таа до финалето ги победи и Зринка Презер-Хрватска 1-0, Сузана Лучиќ-србија 3-0, Бетина Планк -Австрија 1-1 со судиско изјаснување.
Ipon.mk/В.Д.