Самоувереност на репрезентативците пред Европското карате првенство во Данска

Македонската карате репрезентација од 8 до 10 февруари ќе настапи Европско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори (У-21) во Алборг, Данска.

„Карате федерацијата на Македонија (КФМ) по традиција во последните неколку години остварува врвни резултати на речиси секој настап на меѓународен план. Со последниот освоен медал во Сочи,  Фати Весели стана европски вицешампион и заслужено ја понесе титулата најдобар млад спортист на Македонија за 2018 година, рече директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Дарко Каевски на денешната прес-конференција организрана по тој повод.

Тој додаде дека Агенцијата за млади и спорт останува на своите патеки, во насока на поддршка на спортистите и националните спортски федерации, особено кога станува збор за федерации кои веќе подолг временски период важат за најдобро организирани, а тука секако влегува Карате федерација на Македонија.

„Радува податокот за зголемениот интерес и  масовноста на млади кои се занимаваат со карате, но и големиот број на каратисти кои остваруваат врвни резултати на меѓународно ниво, и го оправдува петдецениското постоење на каратето во Македонија“, нагласи Каевски.

Македонија има адути за медали почнувајќи од највизрасната категорија (У-21) Ангела Мојсовска, Вероника Костовска, Петар Спасеновски, Доан Османи, па Сара Крстевска, Александар Неделоковски, Абдурахим Идризи, Столе Смилковски, Глигор Петков, Владнака Аврамова, Марија Милева…

Македонија на ова првенство ќе настапи со 29 каратисти, а ќе ги одмери силите во конкуренција на 1092 каратисти од 51 држава.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО