Само Владимир Егоров ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во борењеза У-23

Владимир Егоров ќе ја претставува Македонија на Светското првенство во борење за помлади сениори (У-23) во слободен стил.

Светското првенство ќе се одржи од 21 до 26 ноември во Бидгошч, Полска.

Егоров ќе се натпреварува во категоријата до 57 килограми во која има 27 натпреварувачи.

Инаку, Егоров во последните натпревари во Бундес лигата за В. Бургхаузен извојува победи. Но, интересно што Егоров не учествуваше на Европското првенство до 23 години, односно не беше пријавен од страна на ФБСМ.

Да потсетиме дека во 2015 година репрезентативецот и член на Вардар, Халил Зубаиров, освои бронза на Европското првенство во У-23 во Полска.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО