Далибор Богданов за ММА борбата: Да го осетам чувството на гладијаторите!

Во сабота на 25 ноември во Базел, Швајцарија, Далибор Богданов, ќе дебитира во ММА кафезот во оваа земја во аматерска конкуренција на СММАЦ 5 настанот. Штипјанецот ќе се сретне со Марко Сигнер кој има скор 5-1-0, а Богданов 4-1-0.

Нивната средба е во лесна категорија до 70 килограми.

„Бидејќи се преселив да работам во Швајцарија пред шест месеци, доцна беше да најдам боречки клуб, па почнав да тренирам, БЏЏ, тај бокс и бокс, така решив пак да се борам во ММА. Па, да го  осетам чувството на гладијаторите“, изјави Богаднов за Ipon.mk кој минатата година речиси не занеше за бораз во пониската германска лига за борење.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО