Само тешкашки борби на Фјури-Вајлдер 3

Гала-вечерта за третиот меч меѓу Тајсон Фјури и Дионтеј Вајлдер е за помалку од еден месец и ќе вклучува само боксерски пресметки во тешка категорија.

Во коглавниот меч ќе се борат Нигериецот Ефе Ајагба (15-0) и Кубанецот Франк Санчез (18-0) во 10 рунди. Ајагба има сериозна ударна моќ, бидејќи 13 негови победи беа со нокаути, а последен пат го нокаутира Брајан Хауард оваа година.

На 24 јули ќе видиме реванш меѓу Финецот Роберт Хелениус (30-3) и Полјакот Адам Кованцки (20-1). Минатата година, Хелениус забележа победа над Ковнацки во Бруклин. Тој беше нокаутиран во четвртата рунда и неговите амбиции за титулата се распаднаа. Ниту еден од нив не се борел од тогаш, па ова е технички инстант реванш.

Првата битка што ќе ја видат гледачите на платено гледање е меѓу Американецот Џаред Андерсон (9-0) и рускиот ветеран Владимир Терешкин (22-0-1). Андерсон важи за еден од најперспективните млади боксери во тешка категорија во Америка. Сите негови 9 победи се со нокаут. Терешкин нема никакви импресивни победи, иако неговата статистика изгледа многу добро.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON