Само неколку дена пред борбата Виктор Ортиз е уапсен за сексуален напад

Само неколку дена пред закажаната борба поранешниот светски шампион Виктор Ортиз е уапсен за сексуален напад.

31-годишниот Американец сам се предаде во вторникот во полициска станица на Вентура Каунти, Калифорнија.

Ортиз е обвинет за напад по три точки, вклучувајќи го и силувањето.

Обвиненијата датираат од 19 март, а боксерот е ослободен со кауција од 100.000 долари.

Ортиз (32-6-3, 25 КО) овој викенд имаше закажана борба во Онтарио, Калифорнија, против неговиот пријател и поранешен спаринг партнер Џон Молин Јуниор (30-7, 24 КО). На истиот настан Џо Џојс ќе има американско деби.

Ортиз е поранешен светски шампион на ВБЦ во велтер категорија, а во последната борба во февруари ремизираше со Девон Александар.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО