Ризин го објави распоредот, еве кога настапува Кро Кап во недела

Јапонскиот Ризин го откри точниот распоред на својот 13 настан закажан за недела, 30 септември.

Според распоредот што го објави јапонската организација, 51-от ММА настап на Филиповиќ против Мартинез е 11-ти од вкупно 13 борби. По оваа пресметка следи поднасловната борба помеѓу Енди Нгујен и Мијуа Јамамото, односно главната борба на вечерта која ќе понуди јапонски дуел меѓу Теншин Наскава и Кјоџи Хоргугичи.

Кро Кап во вторникот отпатува во Земјата изгрејсонцето, така што ќе има доволно време да се прилагоди на друга временска зона и аклиматизација.

Во хрватската Нова ТВ ќе го пренесува мечот во 22:30 чесот, додека средбата ќе оди во живо на нивниот портал Gol.hr.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО