Само Филип Тасев извојува победа на Светското првенство во борење слободен стил за кадети во Загреб, Хрватска, додека Бесир Алили и Аид Салихаси се поразени.
Филип Тасев (-60 кг) го совлада Гуелбел Џош Форчн Пенан од Брегот на Слоновата Коска со 14-3, а во осминафеналето налета на Монголецот Сухбат Мунх Очир и загуби со технички туш.
Бесир Алили (-45 кг) има шанса да се бори во репасажот ако Турчинот Ахмет Јуџел кој го победи со 0-4 се пласира во финалето, затоа што се пласира во полуфиналето каде што се среќава со Рахман Муса Амузадхалили од Иран.
Алили е најмлад во оваа конкуренција, а тоа им оди во корист на повозрасните борачи.
Резултати
-45 кг Бесир Алили – Ахмет Јуџел (Турција) 0-4 (туш)
-51 кг Аид Салихаси – Андриј Терзи (Украина) 0-10 (ТТ)
-60 кг Филип Тасев – Гуелбел Џош Форчн Пенан (Брегот на Слоновата Коска) 14-3
-60 кг Филип Тасев – Сухбат Мунх Очир (Монголија) 0-10 (ТТ)
Вчера
-65 кг Давид Мишев – Бекзат Жалгасов (Казахстан) 0-10 (ТТ)
Ipon.mk