Само една победа на Светското првенство во борење за кадети (ВИДЕО)

На Светското пренство во борење слободен стил за кадети што се одржува во Софија,Бугарија, македонските без забележителен резултат. Се на се една победа, која ја извојува Аид Салихаси.

Салихаси добро се бореше и во борбата за влез во полуфиналето, но не успеа да го анулира водството на Украинецот.

Сетфан Штерјов не се појави во репасажот, можеби е повреден. Хајдари солидно се избори во репасажот. Имаше и водство од 2-1, откако противникот поведе со 0-1, а потоа и изедначи на 3-3. Натурализираниот Грк поведе со 3-5 и 3-6, а на крајот Хајдари намали на 4-6.

На ова Светско првенство имаме скор од 1 победа и 6 порази (1 предадена) и сооднос на освоени и загубени поени 12-45, односно три згаубени борби со технички туш.

На првенството не учествуваше европскиот првак Бесир Алили, како што беше изјавено од нашиот табор тој не отаптаувал на СП поради повреда.   

Резултати

45 кг

Стефан Штерјов – Али Араб Фироузајеи (Иран) 0-11 (ТТ)

Репасаж

Сетфан Штерјов – Владислав Никандров (Киригистан) 0-0 (предадена)

51 кг

Аид Салихаси – Деји Жуанг (Кина) 8-3

Аид Салихаси – Микита Абрамов (Украина) 0-3

60 кг

Арсим Бекировски – Фархад Кармили (Азербејџан) 0-11 (ТТ)

92 кг

Реџеп Хајдари – Загид Каримов (Русија) 0-11 (ТТ)

Репасаж

Реџеп Хајдари – Гкиви Блиатѕе (Грција) 4-6

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО