Поветкин против Хјуи Фјури

Александар Поветкин (34-2, 24 КО) трета борба по ред ќе боксира во Велика Британија.

Откако го нокаутира Дејвид Прајс во Кардиф и беше нокаутиран од Ентони Џошуа во Лондон на мечот за светската титула тешка категорија, 37-годишниот Русин ќе настапи повторно на 31 август во Лондон во воведниот дел од настанот предводена од Васил Лесниот Ломаченко и Лук Кембел.

Поветкин ќе се бори со поранешниот предизвикувач за титулата Хјуи Фјури (22-2, 12 КО).

24-годишниот Британец последен пат беше во рингот пред само дваесет дена. Во Саудиска Арабија со прекин во сдмата рунда го победи поранешниот светски шампион Самуел Питер.

https://www.youtube.com/watch?v=VeF7cIrK-LQ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО