Само Анамарија Георгиевска со победа на МИ во денешниот настап на таеквондистите

Анамарија Георгиевска загуби во четвртфиналето во таеквондо во категоријата -67 килограми на Медитеранските игри во Оран, Алжир. 

Нашата репрезентативка доживеа убедлив пораз од 28-2 од Матеа Јелиќ од Хрватска. Претходно во осминафиналето Македонката ја совлада Зорана Сандиќ од Босна и Херцеговина.

Марко Аврамовски загуби во осминафиналето од Алжирецот Саиди Атуи со 34-14 во категоријата до 58 килограми.

Филип Додевски исто така беше поразен во осминафиналето со 24-13 од Турчинот Хусеин Картал во категоријата под 80 килограми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО