Самбо репрезентацијата оди во Беране да го повтори ланскиот резултат

Sambo tim na prvenstvoto

Македонската самбо репрезентација утре во Беране, Црна Гора, ќе учествува на Меморијалниот меѓународен турнир „Др. Савка Саботиќ“, кој воедно е и ЕП за Југоисточна Европа.

risto-so-istocki

За нашата репрезентација ќе настапат: Ристо Димитров (-68 кг) и Александар Петковски (-100 кг) ќе настапат во комбат самбо, Алек Јовановски, Бајро Машовиќ (супер тешка), Авни Дaрдишта (82 кг), Џелал Идризи (82 кг), Муамед Усеини, Едвин Бихорац (72 кг), Ридван Илизовски (74 кг) и Никола Источки – сите ќе се борат во спорт самбо.

plakat-za-berane

„Треба да оствариме добар успех. Минатата година бевме најдобри“, вели претседателот на Самбо федерацијата на Македонија, Ердал Факиќ, кој додава дека во Беране ќе се видат многу мајстори од повеќе спортови како: карате, кјокушин карате, хапкидо, вушу снада, кик бокс, ММА.

risto-so-petkovski

Ќе има демонстрации на овие вештини, но и борби.

Нашата репрезентација ја предводат Факиќ и Славчо Тодоров.

Ipon.mk/В. Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON