Македонската самбо репрезентација направи растур на Меморијалниот меѓународен турнир „Др. Савка Саботиќ“ во Беране, Црна Гора, кој воедно е и ЕП за Југоисточна Европа.
Нашите репрезентативци освоија 16 медали од кои 10 се златни, 4 сребрени и 2 бронзени. Со овој резултат беше задржан приматот од минатата година за најуспешна екипа во самбо.
Рисро Димитров е најуспешниот натпреварувач со три први места во сите три дисциплини.
Тренерот Ердал Факиќ доби најголемо признание од куќата на ММА и беше избран за најдобар тренер на турнирот.
Освојувачи на медали
Спорт самбо
1 место Бајро Машовиќ +100 кг.
1 место Ристо Димитров 68 кг.
1 место Ридван Иљазовски 62 кг
1 место. Едвин Бихорац 57 кг.
1 место, Џемаил Идризи 82 кг.
2 место, Авни Дардишта 82 кг.
2 место, Александар Петковски 100 кг.
2 место, Никола Источки 90 кг.
3 место, Синан Рамука +100 кг.
3 место, Ариф Сејди 100 кг.
Комбат самбо
1 место Ристо Димитров 68 кг.
1 место Александар Петковски 100 кг.
2 место Никола Источки 90 кг.
Граплинг
1 место Ристо Димитров 68 кг.
1 место Александар Петковски 100 кг.
1 место Никола Источки 90 кг.
Ipon.mk/В.Д.