Сајтот на ОИ во Рио не ословува како Македонија, Грците бараат да не запишат како ФИРОМ

Rio 2016

Уставното име на Македонија го користи официјалниот сајт на Олимписките игри во Рио, а тоа кај грчките медиуми покрена лавина реакции, а Грчкиот олимписки комитет најавил приговор.

Грчките медиуми најавуваат реакција на нивниот олимписки комитет за уставното име на Македонија кое го користи официјалниот веб сајт на Олимписките игри во Рио. Грците бараат Македонија да се именува како ФИРОМ.

Rio 2016 MKD

На листата на земји Македонија не е запишана како ФИРОМ, туку организаторот на Олимписки игри ја користи кратенката МКД.

А во повеќе текстови за настапот на нашата земја се користи уставното име на Македонија.

RIO 2016 macedonija et d...

Во вакви ситуации Грција речиси без исклучок реагирала и во минатото, па ова е уште една сосема очекувана реакција од нашиот јужен сосед. Останува само да видиме дали организаторот ќе подлегне на грчкиот притисок и ќе направи промена во употребата на името Македонија.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО