Сајра Морина од КК Форца го освои првото место на Меѓународниот турнир „Мармара куп“ во Истанбул, Турција.
Морина извојува четири победи за освојување на златниот медал. Во првата борба против Назлиџан Кајахан славеше со 8-0, во втората и третата над Селин Сен и Ујсал Чејда со 7-0 и во финалната со 3-1 ја победи Букет Дестиги. Сите противнички се од Турција.
На Купот настапија и Јасин Османи и Верона Ајдини, но не освоија медали.
На турнирот настапија 1440 каратисти од 30 држави.
Свој удел во успехот на КК Форца имаше и амбасадорот на македонските спортисти во Турција, Адем Хајдароглу, кој се погрижи за нивниот пречек, прием и прошетката низ Истанбул.
Ipon.mk