Саенчаи се врати со убедлива победа (ВИДЕО)

130

Мај тај легендата Саенчаи забележа убедлива победа на својот прв меч во 2021 година.

40-годишниот Тајланѓанец се врати во рингот во саботата вечерта, учествувајќи на главниот настан на гала вечерта „Тајландски фајт нан“ во неговата татковина.

Специјалистот ја забележа првата победа оваа година, совладувајќи го Американецот Сет Гранде со едногласна одлука на судиите.

Така, официјалната статистика на четирикратниот шампион на „Лумпини“ веќе брои 303 победи, 41 пораз и 5 нерешени средби, а неговиот последен пораз датира од 2014 година.