Погледнете го веројатно најатрактивниот ММА нокаут оваа година (ВИДЕО)

Минатата недела промоцијата на ЦФФЦ/ CFFC направи два настани каде се гледаше многу возбуда. Веројатно најдоброто беше видено во борбата за титулата на настанот ЦФФЦ 95, во која се сретнаа со Пол Капалдо, непоразен борец за кого беше шести професионален настап и Крис Васил, кој влезе во борбата со скор 4-1.

По две рунди борба, во кои се гледаше претежно надмудрување на нозете, со внимателен избор на удари, ретко кој можеше да очекува што ќе се случи на самиот почеток на последниот дел. Среде размена на удари, 24-годишниот Капалдо виде можност и погоди фантастичен кружен удар со ногата точно таму каде што се создаде најголем ефект. Неговиот противник веднаш заврши на подот во несвест.

Овој млад борец во бантам категорија ентузијастички започна да слави, додека некое време не му беше целосно јасно на противникот што се случило. Една недела кога нема настан на УФЦ, Капалдо даде се од себе за можен ангажман во најголемата светска ММА промоција. Направи атрактивен нокаут во преносот емитуван на УФЦ „Фајт пас“ и на медиумските насловни страници на боречките вештини. Тој не треба да биде изненаден ако наскоро пристигне повик од некој од УФЦ.

Откако само неколку дена претходно публиката на ЦФФЦ настанот бараше изгубен прст, ова е дефинитивно освежување и нешто многу попривлечно и интересно да се види.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО