Садулаев со баскет финта како Коби Брајант (ВИДЕО)

Абдулрашид Садулаев уште еднаш покажа дека неговите вештини не се само на душекот. Дагестанецот, кој во моментов е олимписки и светски шампион во слободен стил до 97 килограми, покажа завидни вештини во кошарката.

„Аварскиот тенк“ и руската репрезентација ги диверзифицираа тренинзите и подготовките за новата сезона со кошаркарски натпревар на кој Садулаев се претстави одлично.

Една од неговите изведби е снимена на видео. По едно додавање, тој шутираше од средна далечина и постигна кош, по што доби овации од остатокот од тимот на „Зборнаја“, кои го следеа мечот од страна.

„Садулаев е МВП (најкорисен играч) во НБА“, напиша Светската боречка федерација со шеговит тон на својот Инстаграм профил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО